Италијанските медиуми пренесуваат дека раководството на Интер работи на три нови засилувања за следната сезона.
Првото е голманот на Ајакс, Андре Онана на кого договорот му завршува на крајот на сезоната. „Нероаѕурите“ веќе подолго време преговараат и се во пол-позиција за неговиот потпис.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Другото засилување е српскиот репрезентативец од Ајнтрахт, Филип Костиќ. Тој игра како лево крило, а може да игра и како лев бек, па идеално би се вклопил во формацијата 3-5-2 со која играат „нероаѕурите“.
„Калчомеркато“ пренесува дека Интер е спремен за неговиот потпис да понуди 20 милиони евра, бидејќи во него гледа идеална замена за Перишиќ.
И третото засилување на кое работи Интер е Лука Јовиќ, кој не добива голема минутажа во Реал Мадрид и е спремен да ја промени средината.