Екипата на Шкупи денес одигра одличен натпревар против Брегалница во кој успеа да слави со убедливи 5:0.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Еден од најдобрите на теренот беше Матеј Цветановски кој постигна два гола.
„Максимално бевме подготвени за овој натпревар. Среќен сум за тоа како одигра тимот и за двата постигнати гола, ова е важна победа. Одигравме добро и ги искористивме нашите прилики. Ќе продолжиме да работиме и се надеваме дека ќе ги исполниме целите и амбициите на клубот, а тоа е да ја донесеме титулата во Чаир“, изјави Цветановски.
Фото: ФК Шкупи