Кристиано Роналдо за 18 месеци ќе биде нов менаџер на Манчестер Јунајтед, тврди поранешниот тренер на Тотенхем, Тим Шервуд!




Шервуд, кој во текот на кариерата играше за неколку премиерлигашки клубови, вели дека Јунајтед ќе го отпушти Оле Гунар Солшер ако не освои некој голем трофеј во следните 18 месеци.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Според него е логично Роналдо да го наследи Солкјер на кормилото на „црвените ѓаволи“.




„Го гледам Роналдо како тренер на Јунајтед. Тоа ќе се случи најмногу за 18 месеци. Ако Јунајтед ги освои Премиер лигата, Лигата на шампионите, и ФА купот, Солскјер веројатно ќе остане. Но, ако тоа не се случи, мислам дека ќе има нов тренер“, изјави Шервуд.