Голаманот и капитен на Интер, Самир Хандановиќ смета дека „нероаѕурите“ имаат одличен тим и покрај заминувањето на Хакими и Лукаку.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Продолжуваме да играме во систем 3-5-2 и Инзаги ни објасни каде можеме да се подобриме. Ние можеме да му бидеме благодарни на Конте, иако последните две сезони беа навистина исцрпувачки. Тој донесе неверојатен менталитет и благодарение на него направивме голем ичекор во менталитетот“, изјави Хандановиќ.
„Овој тим се уште може да победува. Не знам дали сме послаби или посилни во однос на минатата сезона, но секако сме покомплетни и поздрели. Серија А не е најбогато првенство, но на хартија останува најтешко првенство во светот“, додаде Хандановиќ.