Дома Топ вести „Ѓаволите“ нема да го чекаат Перишиќ – Нов фудбалер на „радарот“ на Јунајтед!

„Ѓаволите“ нема да го чекаат Перишиќ – Нов фудбалер на „радарот“ на Јунајтед!

Сагата со Иван Перишиќ, никако да го добие својот крај, па на Жозе Мурињо му здодеа да чека.

Перишиќ е голема желба на Мурињо и тоа е јасно, но Интер не попушта и бара 55 милиони евра. Од друга страна Јунајтед нема намера да ја плати таа сума.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поради тоа Португалецот е приморан да бара нови решенија. Како нов фудбалер на радарот на клубот од „Олд Трафорд“ се споменува фудбалерот на Лајпциг, Емил Форсберг, за кого претходно голем интерес покажа Милан.


Изминатата сезона за Швеѓанецот во дресот на германскиот клуб беше фантастична, запиша 18 асистенции и беше најдобар асистент во германското првенство.

Како што споменавме претходно, екипата на Милан имаше голема желба да го доведе, но италијанскиот гигант испрати понуда од 25 милиони евра што не ги задоволуваше апетитите на управата на најголемото изненадување минатата сезона во Германија.

Она што е позитивно за „црвените ѓаволи“ е фактот што агентот на фудбалерот на Лајпциг, Хасан Џетинкаја го застапува и Виктор Линделоф, поранешниот дефанзивец на Бенфика кој ова лето беше првото засилување на Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Јувентус се вклучи во трката за Шешко

Голгетерот на Лајпциг Бенџамин Шешко беше еден од најбараните фудбалери на трансфер пазаро…