Дома Луд Спорт Се е полесно кога си син на фудбалска легенда: Најмладиот Клајверт потпиша договор со Најк!

Се е полесно кога си син на фудбалска легенда: Најмладиот Клајверт потпиша договор со Најк!

Најмладиот син на поранешниот фудбалски велемајстор Патрик Клајверт денес го доби вниманието од скоро сите спортски медиуми во светот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Деветгодишниот Шан Клајверт тренира фудбал и настапува за најмладите селекции на ПСЖ, но интересно е што денес го потпиша неговиот прв спонзорски договор.

Верувале или не, Шан Клајверт потпиша петгодишен договор со Најк, но причината склопувањето на оваа соработка не се неговите фудбалски вештини туку популарноста на Инстаграм.

Ова момче на популарната друштвена мрежа го следат 121.000 следбеници и претежно тоа се негови врсници. Во „Најк“ сметаат дека истакнувањето на логото на неговите фотографии би придонело децата да започнат да носат нивна облека.

 

 

Very proud signed my first contract with @nike ?

A post shared by Shane Kluivert (@shanekluivert) on

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Херојот на Иран има тешка животна приказна: Татко му не му давал да игра фудбал, па живеел како бездомник!

Иранскиот голман Алиреза Бејранванд стана вистински херој на иранската фудбалска репрезент…