Дома Фудбал Италија Лаутаро во Интер до 2026 година

Лаутаро во Интер до 2026 година

Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез постигна договор за продолжување на соработката со клубот пренесува „Газета дело Спорт“.

После продажбата на Лукаку, Интер не сакаше да ја загуби другата голема ѕвезда и ги одби сите понуди за Аргентинецот.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Двете страни веќе подолго време преговараа за нов договор, бидејќи Лаутаро беше еден од најмалку платените фудбалери.

Последните информации се дека двете страни постигнале договор и наскоро Лаутаро ќе стави потпис на нов договор до 2026 година.

Со новиот договор Аргентинецот ќе биде најплатен фудбалер во тимот со плата од 6 милиони евра плус 1,5 милиони како бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Му нема рамен: Јокиќ го „збриша“ Дончиќ во битката за најдобар играч на НБА

Во последните пет сезони, Никола Јокиќ три пати ја освои титулата за МВП на НБА лигата и п…