До крајот на преодниот рок, кој завршува на 1 септември, сигурно главна вест ќе биде Кристиано Роналдо.
Роналдо синоќа одби да биде во стартниот состав на Јувентус бидејќи сака да си оди, а тоа додатно ги разгоре шпекулациите.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Шпански „АС“ носи интересна вест и тврди дека Роналдо ќе се пресели во ПСЖ, доколку Килијан Мбапе до крајот на месецот се пресели во Реал Мадрид.
Мбапе одбива да го продолжи договорот со ПСЖ и настојува да се пресели во Реал Мадрид, но „светците“ засега одбиваат да ја пуштат својата ѕвезда.
Шансите Мбапе ова лето да се пресели во Мадрид се многу мали, но доколку замине ПСЖ веќе има спремна замена, а тоа е Кристиано Роналдо.
„АС“ тврди дека во Париз може да се направи најсилното напаѓачко трио во историјата Меси – Роналдо – Нејмар.