![](https://sportski.mk/wp-content/uploads/2021/08/роналдо.jpg)
Кристиано Роналдо се огласи преку социјалните мрежи и одговори на шпекулациите дека може да го напушти Јувентус.
Во текот на целото лето постојат шпекулации дека Роналдо може да ја промени средината и го поврзуваат со неколку клубови.
Роналдо - човек рекорд! Франција и Белгија во дербито на денот! ↓↓↓
Роналдо сега реши да го прекине молкот и порача да не си играат со неговото име.
„Сите што ме познаваат се свесни колку сум фокусиран на мојата работа. Помалку приказни и повеќе работа е мотото што ме водеше од почетокот на мојата кариера. Сепак, поради се што е кажано и напишано во последно време, морам да изразам која е навистина мојата позиција. Повеќе од тоа ме омаловажува како играч и човек, начинот на кој се дискутира за мојата иднина во медиумите и е израз на непочитување кон сите клубови во тие озборувања, како и кон нивните играчи и персонал. Мојата приказна во Реал е напишана. Снимена. Во зборови и бројки, во трофеи и титули, во записи и титули. Таа е во музејот на Бернабеу, но и во спомен на секој фан на клубот. Повеќе од се што постигнав таму, се сеќавам дека за девет години имав врска со навивачите на Реал полна со меѓусебна љубов и почит, која остана таква и денес и така ќе остане засекогаш. Знам дека вистинските навивачи на Реал Мадрид секогаш ќе ме носат во своето срце, исто како што јас ќе ги носам нив“, порача Роналдо.