Дома Фудбал Италија Кеси става потпис на нов договор

Кеси става потпис на нов договор

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан и Франк Кеси се блиску до договор за продолжување на соработиката до 2025 година.

Кеси во првите две сезони играше просечно, но откако дојде тренерот Пиоли на клупата тој е незаменлив во тимот на Милан.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Минатата сезона се промовираше во еден од најдобрите играчи за врска во Серија А и постигна 13 гола.

Неговиот договор истекува во 2022 година, па Милан сака што е можно побрзо да ја продолжи соработката бидејќи Кеси веќе влезе во последната година од договорот.

Италијанските медиуми пренесуваат дека двете страни се блиску до договор и дека Кеси ќе стави потпис до 2025 година, а годишно ќе добива 6 милиони евра со вклучени бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Познат составот на Македонија: Милевски ги избра репрезентативците за мечот против Летонија

Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 18 часот ќе одигра пријателски натпревар …