Дејан Георгиевски во полуфиналето на Олимписките игри во Токио се бореше против Кореецот, Кин Дон Ин.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во првата рунда Георгиевски покажа добра одбрана и како и против Гбане стартуваше претпазливо. Во таква ситуација Ин успеа да освои еден поен и првата рунда ја заврши со водство од 1:0.
Првиот поен го освои како казна за противник, а веднаш потоа следуваше и серија од неколку удари за да поведе со 5:1. До крајот рундата Кореецот освои два поени, па во последната Георгиевски влезе со водство од 5:3.
Завршната Рунда Георгиевски одлично ја започна и на 40 секунди до крајот имаше предност од 10:4. Веќе тогаш можеше да се насети дека Георгиевски ќе обезбеди сигурен медал. До крајот успеа и да зголеми на 12:4, следуваа неколку изгубени поени, но најважно е што Георгиевски обезбеди финале!
Сега Македонија има сигурно сребро, а за златото во 14:45 часот Георгиевски ќе се бори против веројатно најдобриот во светот во овој момент во оваа категорија Владислав Ларин.