Иднината на Кристиано Роналдо се уште е нејзвесна бидејќи не е потврдено дали ќе остане во Јувентус.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Португалецот има уште една година од договорот со Јувентус, но „бјанконерите“ се спремни да го пуштат за да се ослободат од неговата висока плата.
Меѓутоа, неговиот соиграч и долгогодишен пријател Данило откри дека Роналдо и следната сезона ќе игра во дресот на Јувентус.
„Да се има Роналдо во тимот е многу важно бидејќи постигнува многу голови. Ние сме добри пријатели бидејќи се познаваме уште кога игравме за Реал Мадрид. Сигурно ќе биде со нас и следната сезона“, изјави Данило.