Дома Фудбал Италија Мурињо направи шоу и порача: Не дојдов на одмор во Рим, туку да работам!

Мурињо направи шоу и порача: Не дојдов на одмор во Рим, туку да работам!

Жозе Мурињо денеска беше претставен како нов тренер на Рома и се појави на пресконференција пред новинарите.

Како и што можеше да се очекува Специјалниот направи шоу. Во еден момент во текот на говорот панелот им пречеше на присутните новинари, па Мурињо лично го реши проблемот.

„Не дојдов тука поради градот. Тој е преубав, но не сум во Рим за да одморам. Тргнуваме со работа. Директоре, жал ми е што ќе го кажам тоа тука, но ми треба лев бек“, изјави Мурињо.

„Лесно е да ветам титула, но реалноста е поинаква. Зборуваме за проект, за напредок. Вие зборувате за титули, ние за проекти. Лесно е да направите изолиран успех, но целта е да се биде константно на врвот.  Лесно е да освоите титула една година, а потоа да немате пари да ги исплатите платите“, заклучи Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Чави не очекуваше такво прашање: Дозна дека бил трет избор за селектор и одговори на свој начин

Откако Најџел де Јонг откри дека Чави не бил прв избор за селектор на репрезентацијата на …