Турскиот фудбалер Ченгиз Ундер нема да се враќа ова лето во Рома откако му истече позајмицата во Лестер.
Ундер претходната сезона играше во Лестер, но немаше некоја посебна минутажа. Поради тоа челниците на англискиот клуб одлучија да не го откупат неговиот договор од Рома.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Турскиот фудбалер после настапот со репрезентацијата на Европското Првенство се наожѓа на одмор и се очекуваше да и се приклучи на Рома за десетина дена. Меѓутоа од неговото враќање во римскиот клуб нема ништо затоа што оди на нова позајмица.
Марсеј за позајмицата на Ундер ќе издвои околу осум милиони евра, а наредното лето ќе може да го откупи неговиот договор за околу 15 милиони евра.