Дома Фудбал Италија Јувентус ја објасни ситуацијата со Роналдо

Јувентус ја објасни ситуацијата со Роналдо

Спортскиот директор на Јувентус, Федерико Черубини очекува португалската ѕвезда Кристиано Роналдо да остане во Торино ова лето.

Шпекулациите околу иднината на Кристиано Роналдо не стивнуваат, но од Јувентус тврдат дека Португалецот не дал сигнали дека сака да замине.

„Немаше сигнали од Роналдо. Особено во врска со гласините за трансферот. Тој постигна 36 гола на 44 натпревари минатата сезона, бројките не кажуваат секогаш се, но тие кријат многу вистини. Задоволни сме што Роналдо ќе се приклучи на тимот штом одморот заврши“, изјави Черубини.

Запрашан за иднината на Роналдо, Черубини изјави:

„Немам волшебна топка, но сега нема индиции за можен трансфер“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Чави не очекуваше такво прашање: Дозна дека бил трет избор за селектор и одговори на свој начин

Откако Најџел де Јонг откри дека Чави не бил прв избор за селектор на репрезентацијата на …