Дома Фудбал Италија Интер потврди: Хакими се сели во ПСЖ

Интер потврди: Хакими се сели во ПСЖ

Генералниот директор на Интер, Бепе Марота го потврди трансферот на Аштраф Хакими во Пари Сент Жермен.

Двата клуба подолго време беа во преговори и конечно постигнаа договор за трансфер вреден 60 милиони евра плус бонуси.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Финансиската ситуација во Интер е лоша, па „нероаѕурите“ мораа да продадат некоја од своите ѕвезди.

„Има уште некои формалности, но мислам дека денес ќе ја комплетираме зделката. Се разбира дека оваа продажба е болна за нас, но јас сум директор кој треба да обезбеди економски баланс на клубот. Продажбата на Хакими ќе ни дозволи да бидеме помирни. Се надевам дека нема да има потреба да продаваме други важни играчи“, изјави Марота.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Аморим се враќа на работа: Се посрамоти во Јунајтед, но сега добива работа од соништата!?

Рубен Аморим повторно се најде во центарот на вниманието на европските медиуми откако во А…