Шпанскиот медиум „Дарио АС“ лансираше вистинска „бомба“ и тврди дека следната сезона Кристиано Роналдо и Лионел Меси може да играат заедно.
Претседателот Лапорта сака да го донесе Роналдо на „Камп Ноу“ и веќе работи на трансферот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Португалецот влезе во последната година од договорот, а Јувентус е спремен да го пушти за да се ослободи од неговата висока плата.
Барселона е спремна да ги понуди Филипе Кутињо и Сержи Роберто во замена за потписот на Роналдо.
Лапорта сака да ги спои Меси и Роналдо во еден тим, иако се во залезот на своите кариери, а колку е тоа реално, останува да видиме.