Дома Трансфер зона На повидок трампа помеѓу Арсенал и Јувентус

На повидок трампа помеѓу Арсенал и Јувентус

Јувентус и Арсенал неодамна започнаа преговори за размена на играчи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Торинскиот великан има намера да се ослободи од Арон Рамзи, а неговиот поранешен тим Арсенал е заинтересиран за негово враќање.

Клубовите започнаа преговири за реализација на трансферот, а во замена за Рамзи Топџиите се подготвени да го понудат шпанскиот дефанзивец Хектор Белерин.

Белерин и претходно се поврзуваше со Јувентус. Сепак, до трансфер никогаш не дојде, но од следната сезона овој 26-годишен играч би можел да го облече дресот на тимот од Торино.

Рамзи во Јувентус настапува последите две сезои. Не се прослави премногу и неговите игри за навивачите на овој клуб се разочарувачки.

Велшаецот за Старата дама одигра вкупно 65 натпревари и постигна шест погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…