Дома Фудбал Италија Анчелоти го одбил Интер пред да потпише за Реал

Анчелоти го одбил Интер пред да потпише за Реал

Карло Анчелоти пред неколку дена седна на клупата на Реал Мадрид, но имал понуда и од друг европски гигант.

„АС“ открива дека Анчелоти добил понуда од Интер, но ја одбил поради своето минато во Милан.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Интер беше во потрага по тренер после заминувањето на Антонио Конте, а прва желба на „нероаѕурите“ бил Карло Анчелоти.

„Тоа што сум денес му го должам на Милан, не можам да ги предадам“, бил одговорот на Анчелоти.

Анчелоти како играч и тренер помина 13 години во Милан каде освои 15 трофеи.

Во меѓувреме Интер за нов кормилар го назначи Симоне Инзаги.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул се соочува со правни пречки за потпишување на играчот од 100 милиони евра

Ливерпул ги одложи своите планови за ангажман на ѕвездата на РБ Лајпциг, Јан Диоманде, пор…