Дома Фудбал Италија Инзаги му се јавил на Лукаку, го убедува да остане во Интер

Инзаги му се јавил на Лукаку, го убедува да остане во Интер

Новиот тренер на Интер, Симоне Инзаги сака по секоја цена да го задржи напаѓачот Ромелу Лукаку во тимот, пренесуваат италијанските медиуми.

Познатиот новинат Фабрицио Романо открива дека Инзаги му се јавил на Лукаку за да го убеди да остане во Милано.

После заминувањето на Конте се засилија шпекулациите дека Белгиецот може да го напушти Интер бидејќи за него постои силен интерес од многу европски гиганти.

Интер има финансиски проблеми и ова лето сигурно ќе продаде некоја од своите ѕвезди, но го увериле Инзаги дека ќе направат се за да го задржат Лукаку во тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Јувентус го договори вториот голман

Јувентус постигна целосен договор со Волфсбург за трансферот на Камил Грабара. Според Флор…