Неодамна Јувентус го потврди враќањето на Масимилијано Алегри во клубот откако Андреа Пирло доби отказ.
Пласманот во Лигата на шампионите, куп и суперкуп трофејот не беа доволни за Пирло да добие нова шанса затоа Јувентус го врати Алегри. Со отказот за Пирло и враќањето на Алегри Јувентус се доведе во една несекојдневна ситуација. Имено, „старата дама“ во овој момент на платениот список има тројца тренери.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Алегри заработува седум милиони евра по сезона, а Јувентус издвојува средства и за неговите двајва претходници.
Пирло има договор на уште една сезона иако не најде ангажман ќе си добие 1.8 милиони евра, а уште една година од договорот има и Маурицио Сари кој треба да добие 5.5 милиони евра.