Суперѕвездата на Јувентус, Кристиано Роналдо ќе има разговори со директорите на клубот во следните денови на кои ќе се разговара за неговата иднина.
36-годишниот Португалец има договор на уште една година со Јувентус, но се посилни се шпекулациите дека може да си замине ова лето.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Тоа ќе се случеше со сигурност доколку „старата дама“ не обезбедеше пласман во ЛШ, а сега ќе треба двете страни да седнат на маса и да донесат одлука.
Јувентус е спремен да му ја отвори излезната врата на Роналдо за да се ослободи од неговата висока плата, која изнесува 31 милион евра.
Од друга страна пак Роналдо има понуди од ПСЖ и Спортинг Лисабон и сака добро да размисли пред да донесе одлука.