Дома Фудбал Крос: Многу сме оштетени, ако не ја освоиме Ла Лига тој натпревар ќе биде причината

Крос: Многу сме оштетени, ако не ја освоиме Ла Лига тој натпревар ќе биде причината

Германецот Тони Крос ретко зборува во јавноста за некои судиски одлуки, но сега се реши да зборува за натпреварот од пред две кола кога Реал Мадрид ремизираше со 2:2.

Во тој натпревар видовме неколку контроверзни одлуки, а Зидан беше бесен по мечот како ретко кога за некоја судиска одлука. Најмногу се зборува за ситуацијата во која Севиља доби пенал иако претходно не беше окарактеризирана како ситуација за најстрога казна.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Нема што да се крие тоа беше еден од оние натпревари во кој апсолутно не се согласував со судијата. По натпреварот само си кажав: Вакви работи не е можно да се случуваат“.

„Одлуките на судијата во тој натпревар влијаеа навистина многу, ако на крајот немаме доволно бодови за да бидеме шампиони многу ќе биде поради таа ситуација. Бевме жестоко оштетени и се уште сум лут. Доволно беше да ја погледнете реакцијата на Зидан. Зизу никогаш не се буни и не коментира судиски оглуки, кога тој оди кај судијата значи дека се случило нешто големо“, изјави Крос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…