Барселона ќе се обиде да го продаде Антоан Гризман во летниот преоден рок, тврдат шпанските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Французинот пристигна како големо засилување, но не ги оптравда очекувањата на „Камп Ноу“.
Тој е еден од најплатените фудбалери во тимот, па Барселона сака да се ослободи од неговата висока плата и е спремна да слушне понуди за Гризман.
Каталонските медиуми тврдат дека сигурно ќе пристигне Кун Агуеро како слободен агент, па заминувањето на Гризман ќе и даде на Барса поголема финансиска слобода на трансфер пазарот.
Барселона е спремна да ги слушне понудите за Французинот, а најсилен интерес за него покажуваат клубовите од Премиер лигата.