Дома Фудбал Италија Милан сигурно ќе го откупи Тонали

Милан сигурно ќе го откупи Тонали

Раководството на Милан донесе одлука да го откупи договорот на Сандро Тонали на лето, пренесува „Газета дело Спорт“.

Тонали минатото лето пристигна во Милан на позајмица од Бреша за која „росонерите“ платија 10 милиони евра.

Милан има опција да го откупи неговиот договор за 15 милиони евра плус 10 милиони во форма на бонуси.

20-годишниот играч за врска е еден од најголемите таленти на Апенините и оваа сезона запиша 25 меча во Серија А, а во сите натпреварувања одигра 37 натпревари.

Малдини смета дека Тонали е еднината на тимот и сигурно ќе ја активира опцијата за негов откуп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Преку четири години се играше врвен фудбал, а денес на стадионот ѓубре, тревник, урнатини… (Видео)

На југот на Франција се наоѓа стадион кој до пред неколку години беше место на собирање на…