Пред крајот на натпреварот помеѓу Ајакс и Рома дојде до помал инцидент кога фудбалерот Рикардо Калифори се спремаше да изведе аут.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Ајакс губеше со 1:2 и сакаше да изедначи, а кога топката излезе во аут јасно беше дека римјаните ќе сакаат да добијат на време. Резервистот Калифори беше тој кој иако ја имаше топката ја шутна понапред со цел да задржи време.
Дететото кое собираше топки беше изнервирано од тој потег и го удри со другата топка.
Калифори по мечот го коментираше тој момент.
„Ситуацијата со момчето? Нема да кажам дека го почитувам, но разбирам. Веројатно и јас би бил изнервиран кога противникот води и се обидува да добие на време“., изјави Калифори.