Дома Фудбал Италија Милан ослабен против Сампдорија

Милан ослабен против Сампдорија

Кризата на Милан со повредени фудбалери продолжува и после репрезентативната пауза.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Милан утре во 12:30 ја пречекува Сампдорија, а тренерот Стефано Пиоли нема да може да смета на пет првотимци.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека за овој дуел нема да бидат во конкуренција Марио Манџукиќ, Алесио Ромањоли и Давиде Калабрија кои од поодамна имаат повреда.

За утрешниот меч поради повреда нема да го има и Рафаел Леао, а под знак прашалник е и Брахим Дијаз.

Добрата вест за тренерот Пиоли е што ќе може да смета на Анте Ребиќ, како и фактот дека Златан Ибрахимовиќ е во добра форма.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Лина испиша историја, ќе игра на Вимблдон!

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ја потврди одличната форма во која игра во п…