Дома Фудбал Италија Милан се согласи, Донарума потпишува на две години

Милан се согласи, Донарума потпишува на две години

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан и Џанлуџи Донарума сепак нашле заеднички јазик околу продолжување на соработката.

Преговорите помеѓу Милан и агентот Мино Раиола траат веќе неколку месеци, но двете страни не беа ниту блиску до договор.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Росонерите“ му нудат на младиот голман 8 милиони евра по сезона, додека Донарума бара 10 милиони евра по сезона.

Притоа, Раиола сака во договорот да има ниска откупна клаузула, на што Милан не се согласува.

Желбата на Донарума е да остане во Милан и не сака да си замине без обештетување, па двете страни се блиску до пронаоѓање на решение.

Имено, Милан се согласил Донарума да потпише договор на само две години, со цел да се избегне негово заминување како слободен агент.

Двете страни следното лето повторно ќе седнат на преговори и ќе одлучат дали голманот ќе потпише долгорочен договор или ќе биде продаден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Салфетка со потписот на Меси за Барселона продадена за скоро милион евра📷

Oткако неодамна беше објавено дека на аукција е ставена салфетката на која Лионел Меси пот…