Дома Фудбал Италија Повеќе нема дилеми: Ибра става потпис на нов договор

Повеќе нема дилеми: Ибра става потпис на нов договор

Милан и Златан Ибрахимовиќ постигнаа конечен договор за продолжување на соработката, потврдија италијанските медиуми.

39-годишниот напаѓач ќе остане во Милан уште една сезона, а неговата плата останува иста, 7 милиони евра.

Договорот на Ибра со Милан завршува во јуни, но приоритет на клубот беше да го задржи и следната сезона, иако Ибра наскоро ќе наполни 40 години.

Ибрахимовиќ покажа дека е исклучително важен за Милан, а дека игра во одлична форма покажува и фактот што после пет години се врати во шведската репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Стивен Ворнок разочаран од настапите на Вирц во Ливерпул

Флоријан Вирц не го оправда големиот трансфер во Ливерпул, смета поранешниот играч на клуб…