После цели две години, Масимилијано Алегри се огласи во јавноста.
Алегри и покрај доминацијата со Јувентус во Италија и двете финалиња во Лигата на шампионите беше отпуштен од раководството на „старата дама“ и од тогаш е без клуба.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во ова интервју Алегри беше запрашан дали во изминатите месеци одбил понуди од големи клубови. Искусниот стратег откри дека одбил само една понуда и тоа онаа за која и се пишуваше од Реал Мадрид пред три години.
„Реал Мадрид ме побара пред три години, но тогаш јас му имав дадено збор на Јувентус дека ќе останам. Тоа е единствената понуда која сум ја одбил“, изајви Алегри.
Низ медиумите името на Алегри констатно се поврзува со големи клубови, но според неговите зборови никој не го контактирал.