Јувентус во вторникот доживеа уште една рана елиминација во Лигата на шампиони, овој пат во осминафиналето од Порто.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
По натпреварот против Порто, Роналдо беше критикуван од страна на медиумите и италијанската јавност, но Антонио Касано застана во негова одбрана.
Овој пат Касано порача дека Роналдо не заслужил такви критики и го „пецна“ Јувентус со изјавата дека клубот не е создаден за трофејот во ЛШ.
„Забавно ми е да гледам како луѓето се сомневаат во Роналдо, кој освои пет Златни топки и пет трофеи во Лигата на шампиони. Постигна повеќе голови од било кој. Роналдо и Јувентус се две различни работи. Роналдо е крал на ЛШ, а Јувентус е спротивно од тоа и тоа веќе го докажуваат 26 години“, вели Роналдо.