Дома Фудбал Лига на шампиони Во Аталанта не можат да се помират: Судијата го фаворизираше Реал, тоа што се случи беше срамно

Во Аталанта не можат да се помират: Судијата го фаворизираше Реал, тоа што се случи беше срамно

Во Аталанта не сакаат да се помират со црвениот картон на Фројлер во 18. минута против Реал Мадрид.

Голем дел од спортската јавност смета дека Аталанта беше оштетена против Реал Мадрид и дека конечниот исход (0:1) немаше да биде таков ако силите на теренот беа изедначени.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


На таа тема за италијанските медиуми сега зборуваше претседателот на Аталанта, Антонио Перкаси.

„Шокиран бев, се наежив. Апсурдно е да се уништи натпревар на таков начин. Мислев дека ќе има промена на одлуката, не можев да поверувам кога беше потврден црвениот картон. Не ми е јасно зошто ВАР не реагираше, се беше толку очигледно. Искрено, не сретнав човек кој може да го оправда таквиот црвен картон“.

„Беше срамно и неприфатливо. Реал Мадрид е голем тим и е фаворизиран. И не зборувам само за црвениот картон, не оштети во уште неколку ситуации. Да не зборувам за моментот кога судијата тргна да му покаже жолт карто на Касемиро за глума па го врати кога се сети дека веќе има еден. Ако тоа беше случај со играч на Аталанта сигурен сум дека немаше да се премисли“, изјави Перкаси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобри…