Дома Фудбал Италија Одреден новиот датум за италијанското дерби

Одреден новиот датум за италијанското дерби

Чекаме уште официјална потврда од Италијанскиот фудбалски сојуз.

Јувентус и Наполи лигашкиот натпревар првично требаше да го одиграат на 4 октомври, но истиот не беше одигран бидејќи гостите не допатуваа во Торино поради проблеми со коронавирусот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Тогаш Јувентус го доби натпревар на зелената маса (3:0), но жалбата на Наполитанците вроди со плод и одлуката во корист на Старата дама беше поништена.

Се бараше нов термин за натпреварот и откако Наполи синоќа испадна од Лига Европа, сега е јасно дека дербито ќе се одигра во среда, 17 март. Истиот ден ќе се одигра и натпреварот Торино – Сасуоло, натпревар кој требаше да се игра вечерва.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

УЕФА ја казни Бенфика за расизам против Реал Мадрид

Дисциплинската комисија на Европската фудбалска федерација (УЕФА) изрече парична казна на …