Денес е и официјално, Драган Стојковиќ – Пикси е нов селектор на репрерзентацијата на Србија.
Фудбалскиот сојуз на Србија денес го прифати предлогот на челниците кои два месеци претходно преговара со Стојковиќ околу неговото седнување на клупата. Се очекува во текот на неделата тој да биде и промовиран.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓутоа едно прашање остана нерешено или пак е само непознато за јавноста – финаниските услови во неговиот договор. За тоа се чека да се види како Пикси ќе се договори за раскинувањето на кинескиот Гвангжу. Да биде појасно, договорот ќе биде раскинат, но не се знае на каков начин.
Неофицијално во неговиот стручен штаб ќе бидат: Стеван Стојановиќ, Братислав Живковиќ, Жарко Ѓуровиќ, Марко Перовиќ, Александар Коќиќ и јапонскиот експерт за физичка спремност на играчите Катушито Киноши.