Дома Фудбал Италија Интер го „прегази“ Милан и ита кон титулата🎥

Интер го „прегази“ Милан и ита кон титулата🎥

Интер оствари голема победа во градското дерби и го декласираше Милан со 3:0.

Со оваа победа „нероаѕурите“ се одлепија 4 бода зад најблискиот конкурент и направија голем чекор напред кон Скудетото.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Интер одлично го отвори мечот и поведе уште во 4-та минута со голот на Лаутаро Мартинез, после одличната асистенција на Лукаку.

Во првите 15-ита минута доминираа „нероаѕурите“, а потоа Милан се „освести“ и создаде неколку шанси. Тео Хернандес шурираше покрај голот, а Чалханоглу не успеа да искористи добра шанса.

Во вториот дел „росонерите“ тргнаа жестоко и имаа три фантастични шанси, но Хандановиќ врати со три неверојатни одбрани.

Милан играше напаѓачки и остави голем простор, па Интер тоа го искористи со две контри. Најпрво Лаутаро зголеми на 2:0, а Лукаку стави точка на мечот за конечни 3:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Милан го сака братот на ѕвездата на ПСЖ

Милан го насочиле вниманието кон братот на ѕвездата на ПСЖ, Гела Дуе, кој исто така игра в…