Дома Останати Тенис Надал лесно до второто коло на Австралија Опен

Надал лесно до второто коло на Австралија Опен

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал во првото коло од Австралија Опен со 3:0 во сетови стигна до лесна победа против Ласлo Ѓере од Србија.

Надал ја оправда фавритската улога и без поголеми проблеми успеа да дојде до победа и на тој начин да се палсира во второто коло. Шпанецот првиот сет го доби со 6:3 и тој траеше 36 минути. Ѓере најсилниот отпор го пружи во вториот сет кога даде се од себе да израмни на 1:1, но не успеа во тоа. Надал после 49 минути игра поведе со 2:0 бидејќи вториот сет го доби со 6:4.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Уште тогаш беше јасно дека Надал е со една нога во второто коло. Брзо беше решен и третиот сет (6:1).

Во второто коло Надал ќе игра против подобриот од дуелот Виктор Троицки и Мајкл Мо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Пред 17 години на денешен ден Федерер и Надал го одиграа најчудниот меч досега

На денешен ден, 2007 година, Рафаел Надал и Роџер Федерер го одиграа веројатно најчудниот …