Лацио вчера потпиша професионален договор со Романо Флоријани Мусолини.
Секако, овој трансфер привлече внимание пораид презимето на играчот, тој правнук на италијанскиот фашист Бенито Мусолини.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Прво Романо ќе биде дел од тимот на Лацио до 19 години, меѓутоа според она што се пишува во италијанските медиуми и изјаваите на скаутите тој има потенцијал во иднина да стане и репрезентативец на Италија.
Коинциденција или не, Мусолини потпиша договор со клубот чии навивачи имаа десничарски ставови. Ултрасите на Лацио во минатотот беа декларирани како фашисти.
„Романо е скромно момче, не се пожалил за ништо. За презимето никогаш не сме разговарале, единствената негова желба е да игра. Заслужува да добие шанса“, изјави Мауро Бјанкези кој е тренер Романо од младиснките категории.