Дома Фудбал Италија Манчини откри до кога планира да остане селектор на Италија

Манчини откри до кога планира да остане селектор на Италија

Селекторот на Италија, Роберто Манчини откри дека планира да го напушти кормилото на репрезентацијата после Мундијалот во 2022 година.

Манчини ја презеде репрезентацијата во мај 2018 година и до сега има 15 победи, 7 ремија и 2 порази.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„После Светското првенство во Катар нема да бидам селектор. Тогаш ќе му се вратам на клупскиот фудбал. Во репрезентацијата се играат малку натпревари и се уморувам да седам дома. Голема чест е да бидам селектор на Италија, сега ни престојат две важни натпреварувања, ЕП и Мундијал и ќе дадам се од себе да се претставиме на ниво“, изјави Манчини.

„Кој може да не наследи? Не знам, има многу тренери кои би можеле да ме наследат. На пример Макс Алегри, Карло Анчелоти или Гасперини“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Постигна 109 голови за пет години: Погледнете како беше пречекан пред потпис за Јувентус (Видео)

Џонатан Дејвид (25) ќе стане нов играч на Јувентус. Канадскиот напаѓач слета во италијанск…