Дома Актуелно Лајпциг најде замена за Упамекано

Лајпциг најде замена за Упамекано

Дајот Упламекано е еден од најбараните дефанзивеци во Европа, па најверојатно на лето ќе го напушти Лајпциг.

Французинот има откупна клаузула од 42,5 милиони евра, а неколку клуба се спремни да ја платат таа сума, пред се Баерн Минхен.

Лајпциг е свесен дека на лето ќе остане без Упамекано, па веќе ја започна потрагата по негов наследник.

Француските медиуми тврдат дека „биковите“ постигнале договор со Стразбур за трансфер на Мохамед Симакан.

Симакан важи за еден од најголемите француски таленти и беше на мета на Милан, а за 15 милиони евра ќе се пресели во Лајпциг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Почина славен голман кој бранеше во Премиер лигата

Поранешниот чувар на мрежата на Вест Хем, Квинс Парк Ренџерс и репрезентацијата на Чешка, …