Дома Фудбал Останато Беше „кошмар“ за секој голман во Англија, сега настапува за просечен клуб во Бугарија!

Беше „кошмар“ за секој голман во Англија, сега настапува за просечен клуб во Бугарија!

Го предводеше нападот на Тотенхем, потоа големиот Сер Алекс го доведе на „Олд Трафорд“, а сега ќе настапува за тим кој е осмопласиран во Бугарија…Погодувате за кого станува збор?

Секако, Димитар Бербатов, тој до крајот на оваа година ќе настапува за бугарскиoт тимот од Стара Загора – Берое,а потоа веројатно ќе стави крај на своја кариера.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Дебито на Бербатов се очекува на 14 јули кога овој клуб ќе игра против Вереја. Оваа одлука на Бугаринот сигурно изненади многумина, сепак главната причина за овој трансфер се неговите пријатели Александар Томаш, Косо Мирчев и Тодор Кујочков кои се дел од стручниот штаб на малиот клуб. Иначе споменатата тројка заедно со Бербатов настапуваше во ЦСКА Москва.

Големата плата на Бербатов нема влијае финансиски на Берое, бидејќи ќе ја покриваат неколку локални бизнисмени кои постигнале договор со клубот.

Берое минатата сезона заврши на осмата позиција, но со ангажманот на напаѓач од класата на Димитар Бербатов сигурно дека нивните амбиции ќе бидат далеку поголеми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Бомба“: Поранешниот тренер на Јувентус и Челзи нов селектор на Србија?!

Маурицио Сари, наводно ќе биде новиот селектор на фудбалската репрезентација на Србија, ак…