Дома Фудбал Алиоски за Спорт Клуб: Премиер лигата е најдобрата лига во светот и горд сум што ја претставувам Македонија во неа

Алиоски за Спорт Клуб: Премиер лигата е најдобрата лига во светот и горд сум што ја претставувам Македонија во неа

Тимот на нашиот репрезентативец Алиоски, Лидс вчера го совлада силниот Лестер со 1:3.

Aлиоски одигра уште еден одличен натпревар, а по натпреварот на македонски јазик даде своја изјава за Спорт клуб.

„Физички сме силен тим и можеме со секого да се натрчуваме. Многу важно беше што бевме агресивни во дуел играта и не им дозволивме лесни контри. Добро е Македонија да има играчи во Премиер-лигата. Сега сум само јас, но сигурен дека наскоро ќе ми се придружат многу други фудбалери од Македонија бидејќи има многу талентирани играчи. Премиер-лигата е најдобрата лига во светот и горд сум што ја претставувам Македонија во неа“ – рече Алиоски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Серена за кавгата со Манчини: Го заклучив со мене, моравме да расчистиме!

Микеле Серена откри како конфликтот со Роберто Манчини во Сампдорија прераснал во долгогод…