Дома Топ вести Изненадување: Ериксен се сели на „Олд Трафорд“

Изненадување: Ериксен се сели на „Олд Трафорд“

Кристиан Ериксен до крајот на преодниот рок ќе го напушти Интер, а нoв фаворит за неговиот потпис е Манчестер Јунајтед.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ериксен не е задоволен од минутажата која ја има на „Џузепе Меаца“ и затоа планира да ја промени клупската средина за време на зимскиот преоден рок.

Интер исто така сака да се ослободи од неговата плата и е спремен да го пушти данскиот плејмејкер на позајмица, бидејќи не се вклопува во формацијата на Контe.

Најсериозен интерес за Данецот покажува Манчестер Јунајтед, кој веќе испратил понуда за позајмица до крајот на сезоната со право на откуп.

Ериксен би сакал да се врати во Премиер лигата и нема да има проблем да се договори со „црвените ѓаволи“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…