Македонија вчера го одигра првиот натпревар на Светското првенство во Египет и во него бевме поразени од Шведска со 32:20.
И покрај нашиот пораз македонската ракометна икона Кирил Лазаров постави еден неверојатен рекорд. Лазаров вчера стана првиот играч кој постигнал гол на Светското првенство во четири различни децении. Првиот го постигна исто така во Каиро во 1999 година (можете да го погледнете тука).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вчера Лазаров постигна пет гола од десет удари кон голот на Шведска.
Ние во овој период игравме на четири од пет светски првенства и секогаш Лазаров беше во составот. Дебитираше против селекцијата на Саудиска Арабија.