Дома Трансфер зона ТРАНСФЕР на векот: Борусија Дортмунд го доведува УСАИН БОЛТ!

ТРАНСФЕР на векот: Борусија Дортмунд го доведува УСАИН БОЛТ!

Светскиот рекордер и најбрзиот човек во светот е ќе добие шанса да се проба и во фудбалот.

Јамајканецот во овој момент се припрема за Светското првенство во Лондон на кое ќе ја брани титулата, тоа ќе биде и негов последен настап на атлетските патеки.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Болт е одлучен во иднина да стане фудбалер и не се откажува од таа идеја. Сепак иако отворено ги покажа симпатиите кон Манчестер Јунајтед таа шанса ќе ја добие во Борусија Дортмунд.

„Се договоривме, ќе тренирам со Борусија и ќе видиме како ќе се одвива ситуацијата. Борусија ќе биде мојата шанса да покажам дали имам потенцијал да се занимавам со фудбал или не. Доколку не ја убедам управата на клубот, засекогаш ќе замолчам на оваа тема. Но јас верувам дека имам потенцијал да постигнам барем 20 погодоци во една сезона“, истакна Болт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…