Дома Трансфер зона Конте се засилува со „џокерот“ на Клоп

Конте се засилува со „џокерот“ на Клоп

Напаѓачот на Ливерпул, Дивок Ориги најверојатно ќе го напушти клубот во зимскиот преоден рок, пренесуваат англиските медиуми.

25-годишниот напаѓач не добива голема минутажа кај Јирген Клоп, па тоа е причината поради која сака да ја промени средината.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Оваа сезона Ориги настапи на три натпревари за Ливерпул во сите конкуренции, на кои постигна 1 гол и запиша 1 асистенција.

Интерес за него покажуваат неколку клубови од Премиер лигата, но и милански Интер. Конте смета дека Ориги би бил идеална замена за Ромелу Лукаку и сака да го донесе во својот тим.

Лукаку и Ориги се во одлични односи и одлично соработуваат во белгиската репрезентација, па тоа може да биде клучно за трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…