Австрискиот фудбалер Давид Алаба ќе преговара со повеќе клубови во текот на јануарскиот преоден рок.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Алаба не сакаше да ја прифати понудата од Баерн од скоро 20 милиони евра со бонуси на годишно ниво и се одлучи да го напушти баварскиот гигант, а во јануари ќе преговара со Реал Мадрид, Сити, Јунајтед, Барселона, Челзи…
Сепак „Тhe Atletic“ објави дека Алаба е пред потпис со Реал Мадрид. Според информациите Реал е спремен да ја му даде платата која ја бараше од Баерн (околу 25 милиони евра годишно).
Значи, Реал сега е фаворит и ако се точни информациите тогаш многу веројатно дека Алаба ќе потпише договор со „кралевите“. Но, да почекаме да видиме како ќе се одвиваат работите.