Милан покажуваат сериозен интерес за дефанзивецот на Баерн Минхен, Жером Боатенг.
32-годишниот дефанзивец има договор со Баварците до крајот на сезоната и двете страни одлучија да не ја продолжуваат соработката.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Тоа значи дека Боатенг уште во јануари ќе биде слободен да потпише преддоговор со нов клуб, па битката за неговиот потпис веќе започна.
Малдини смета дека искусниот Германец би бил идеално засилување за следната сезона, па веќе стапил во контакт со неговиот агент.
Сепак, „росонерите“ ќе треба да ја победат конкуренцијата бидејќи за Боатенг интерес покажуваат уште Арсенал и Тотенхем.