Дома Фудбал Италија Милан и Интер со нови победи🎥

Милан и Интер со нови победи🎥

Милан и Интер без проблеми остварија победи против Сасуоло односно Специја и ја продолжија битката на врвот.

Милан запиша голема победа на незгодното гостување кај Сасуоло, бидејќи играше со десеткуван тим и без неколку првотимци.

Уште на самиот старт „росонерите“ поведоа со најбрзиот гол во историјата на Серија А откако Леао погоди после само 6 секунди.

Милан доминираше во првото полувреме и набрзо постигна втор гол преку Чалханоглу, кој беше поништен поради офсајд.

На средината на првиот дел Тео Хернанес имаше одличен продор преку целиот терен и му ја сервираше топката на Салемакерс за 2:0. Милан ја контролираше играта во вториот дел, а во 89-та минута Хауге си постигна автогол.

Интер немаше големи проблеми и рутински ја совлада Специја (2:1) со головите на Хакими и Лукаку, па разликата на врвот остана еден бод.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Евертон пред можен трансфер на сопственоста

Фридкин група размислува за продажба на мнозинскиот пакет акции на Евертон, што би можело …