Дома Фудбал Италија Роналдо вчера го одигра најлошиот натпревар за Јувентус

Роналдо вчера го одигра најлошиот натпревар за Јувентус

Кристиано Роналдо одигра лош натпревар против Аталанта.

Асот на „старата дама“ беше запрен од дефанзивците на тимот од Бергамо кој беше одличен. Роналдо беше запрен, а не успеа да искористи и пенал и според многумина го одигра најлошиот натпревар во дресот на италијанскиот шампион.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Кристиано доби оценка од 4.5. каква што немал никогаш претходно.

„Нема дилеми дека ова не е резултатот кој го посакувавме, но сега е време да се одмориме и да се фокусираме на наредниот натпревар“, порача Кристиано.

Во одбрана на Роналдо застана тренерот Андреа Пирло.

„Настапот на Кристиано? Се случува…Ако го реализираше пеналот коментарите ќе беа поинакви. На секој му се случува да промаши пенал и да одигра лош натпревар“, изјави Пирло.

Јувентус новиот натпревар го игра веќе во сабота против Парма.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Посакуваниот напаѓач потпиша за Јувентус

Јувентус официјално објави дека го привлекол напаѓачот Џонатан Дејвид. Канадскиот репрезен…