Јувентус ремизираше против Аталанта (1:1), а трагичар за „старата дама“ беше Кристиано Ронапдо.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Ова беше 6-то реми за „бјанконерите“ во првите 12 кола, иако на крајот домаќините се тие кои имаат за што да жалаат.
Во 12-та минута Мората се најде во идеална ситуација да постигне гол, но изведе потег поради кој сигурно ќе се кае. Неколку минути подоцна Киеза со спектакуларен гол му донесе предност на Јувентус.
Аталанта се врати со прекрасниот гол на Фреулер во 57 минута,а само неколку минути подоцна Роналдо промаши пенал и пропушти шанса да му донесе победа на „бјанконерите“.